Расте бројот на граѓаните што не можат навреме да си ги намират личните парични обврски кон банките, компаниите или државата. Односно, или не ги плаќаат навреме ратите на кредитите или платежните картички, или доцнат со редовното намирување на сметките за струја, вода или парно, или пак не го плаќаат персоналниот и данокот од доход. Според тоа, расте и бројот на блокирани сметки на физички лица, за разлика од фирмите, односно правните субјекти чии долгови се одржуваат на речиси исто ниво одреден период. Според најновите податоци на Народна банка на Македонија, во јуни годинава од вкупно 157.080 блокирани сметки, 96.904 биле на физички, а 60.176 на правни лица.
Расте бројот на граѓаните што не можат навреме да си ги намират личните парични обврски кон банките, компаниите или државата.
Односно, или не ги плаќаат навреме ратите на кредитите или платежните картички, или доцнат со редовното намирување на сметките за струја, вода или парно, или пак не го плаќаат персоналниот и данокот од доход.
Според тоа, расте и бројот на блокирани сметки на физички лица, за разлика од фирмите, односно правните субјекти чии долгови се одржуваат на речиси исто ниво одреден период.
Според најновите податоци на Народна банка на Македонија, во јуни годинава од вкупно 157.080 блокирани сметки, 96.904 биле на физички, а 60.176 на правни лица. Слична состојба е регистрирана и еден месец претходно, кога во мај, од 156.422 блокирани сметки на физички лица по основ на извршни решенија отпаѓале поголемиот дел или 95.847.
За разлика од нив, кај блокираните сметки на правните лица речиси една година не се забележуваат драстични промени и тие горе-долу изнесуваат околу 60.000. Или, во јануари годинава имало 60.563, а во јуни нивниот број се намалил на 60.176. Додека истиот месец лани, според НБМ, блокираните сметки на правните лица изнесувале 57.264.
За разлика од нив, континуирано се зголемува цифрата на блокирани сметки на физички лица. Ако лани во јуни тие биле 76.601, минатиот месец нивната бројка изнесувала 96.904, или сега ги има за 20.303 повеќе.
Анализата на бројките покажува дека се влошува финансиската положба и на граѓаните и на приватниот сектор. Поконкретно, ако во јуни оваа година биле блокирани вкупно 157.080 сметки, истиот месец лани тие изнесувале 145. 350, во јуни 2011 - 120.138, истиот месец во 2010 - 89.232, а во 2009 година - 56.313. Или за период од пет години бројот на блокирани сметки е зголемен за над 100.000.
Оваа состојба е резултат на активирани судски извршни решенија за присилна наплата на долгови од граѓаните и од фирмите по различни основи, долгови кон банки, кон институции, спрема државата или меѓусебни.
Според Стојче Тасков од ЕОС „Матрикс“ , групацијата за управување со побарувања, стапката на наплата на долговите за нивните клиенти е стабилна и стандардно се движи меѓу 95 и 96 проценти, што значи дека речиси целосно се реализира исплатата на долговите. „При тоа, за нашите клиенти се значајни две работи, ефикасноста на судскиот систем и довербата на луѓето во него. Тие се' повеќе се ориентираат кон нашите услуги за да си ги наплатат побарувањата, при што постојано се скусуваат роковите. Сега имаме период од шест месеци во кој треба да извршиме вонсудска наплата на долгови“, вели Тасков. Тој додава дека најголемиот процент од нивните клиенти се поголемите банки и „Телеком“, па оттаму нивните услуги се во најголем дел врзани за неплатени сметки на корисници кон овие институции.